По повод 120-годишнината од Илинденско востание во Софија, бугарскиот претседател Румен Радев одржа говор во кој рече дека „Илинденско-Преображенското востание е најмасовниот израз на волјата за слобода на бугарскиот народ“.
-Ова востание се пренесе далеку во времето, бидејќи неговите резултати далекусежно ги надминаа неговите непосредни политички и воени цели. Илинденско-Преображенското востание“ зазема значајно место во односите со Република Македонија и во зближувањето врз основа на „историската вистина“, рече Радев додавајќи дека востанието го најавиле „камбаните на бугарските цркви“.
Тој додаде дека гаранцијата за уставна еднаквост ќе ги исполни заветите на Илинденците од 1903 година и нивниот завет за еднаквост и правда.
-Граѓаните и на Бугарија и на Р.Македонија им се поклонуваат на овие завети и на идеалите пред востанието, рече Радев.
И Николај Денков, премиерот на Бугарија смета дека „2 Август е симбол, пред 120 години на тој датум Бугарите во Македонија и одринска Тракија докажуваат дека идејата за демократска република во која Бугарите, Турците и Евреите ќе се рамноправни во сите односи, не беше обесена заедно со Левски“.
Илинденско-преображенското востание е настан со големо значење за современата бугарска нација. Неслучајно е што токму Бугарите се движечката сила во најголемото востание против Османлиската империја во овие земји. Во географските обласи Македонија и Источна Тракија во тоа време тие се најбројниот и политички најактивниот дел меѓу, инаку разнородното население. Бугарската содржина и облик на востанието, но и на целото револуционерно движење во Македонија и Одринско е признато од сите. Од Османлиите, од другите етнички заедници, и од блаксанските соседи. Во тоа време споменот за обединување од 1885 година не е далечен. Затоа и домашните и странците јасно ја знаат природната насока на бараната целосна автономија на Македонија и Одринско до едно идно соединување. Летото во 1903 година, нашите сонародници во Македонија и Одринско ја плаќаат цената за стремежот кон слободата со илјадници човечки жртви и со многу материјални и морални опустошенија. За да се спасат над 30 000 бегалци бараат спас во родната мајка. Ние, нивните наследници, сме повикани да ги браниме тие вредности и да ги предадеме на нашите деца, кои треба да ги пренесат и во иднина.
Comments are closed for this post.