Состојбата на Северот на Косово станува тензична. Специјалната единица РОСУ во овој момент влегува во Зубин поток откако претходно влезе во Митровица и Звечани.

Досега се приведени 13 Срби а тројца повредени. Се уште нема информации зошто се апсењата и дали ќе продолжи во другите делови на Косово.Според информациите на српските медиуми се слушаат пукотници и детонација од бомби.

Во Белград заседава Советот за национална безбедност, а претседателот Вучиќ се закани дека соодветно ќе реагираат ако специјалците не се повлечат од општините каде што живеат Срби.