Психолози и психијатри испитуваат дали Татјана од местото Сента во Србија била пресметлива во моментот кога нарачала убиство на нејзиниот сопруг. Таа на работникот што им работел во дворот му нудела 1600 евра да го убие сопругот кој бил локален бизнисмен.
Врз 48 годишната Татјана ќе се прави вештачење по што ќе биде познато каква казна ја следува.Но, ќе се проверува и напаѓачот кој иако не го извршил делото во полиција кажал дека ги потрошил парите што Татјана му ги дала за убиството.
Comments are closed for this post.