Дури 200 приватни е-меил пораки и речиси илјада СМС пораки кои хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ за време на четири години ги разменувала со својот сега веќе поранешен советник за внатрешна политика Мато Радељиќ, станаа едно од оружјата на луѓе блиски до претседателскиот кандидат Мирослав Шкоре, со кои може да се загрози претседателката, објави хрватскиот неделник „Национал“.
Помеѓу останатото, таа на Радељиќ му ја проследувала нејзината комуникација со тогашниот претседател на Хрватскиот хелсиншки одбор, Иван Звонимир-Чичко, кој го замолила за помош за реакциите околу нејзината изјава „За дом спремни“.
Според пишувањата на магазинот, таа му се обраќа со „Звонкец мој“, а барала тој како шеф на невладина организација да им пише на еврејските организации во нејзина одбрана.
Понатаму, неделникот наведува, го прашала Радељиќ:
„Јој, Мате, дали требаше тоа да го направиме, прашува Колинда откако беше тргната бистата на Тито од центарот на Загреб.
Бистата на Јосип Броз Тито која ја красеше претседателската палата, отстранета е од Пантовчак пред четири години и предадена на користење на Музејот на Хрватска.
На прашањето за отстранувањето на бистата на Тито, хрватската претседателка своевремено рече дека Тито бил диктатор, пишуваа тогаш хрватските медиуми.
Противниците на хрватската претседателка имаат намера да ги обелоденат целокуните преписки од нејзините службени меилови.
Comments are closed for this post.