Двајца косовски Срби добија 30-дневен притвор, под обвинение дека вршеле притисок на претстојните арламентарни избори да се гласа за партијата Српска листа (СЛ).

Осомничените Ж.Д. и В.Б. биле пријавени од три лица од српска националност дека на 26 и 27 септември во континуитет вршеле пристисок врз в недела да ја поддржат и да гласаат за СЛ.

Со ова, според обвинителството, Ж.Д. и В.Б. извршиле кривично дело „повреда на слободната определба на гласачите“, кое се санкционира со Кривичниот закон на Косово.