Срѓан Петровиќ, производител на вино од Северот на Косово на утринската програма на „Пинк“ изјави дека е задоволен од помошта што ја добива од државата Србија и од претседателот Вучиќ.
Тој откри дека монасите од Хиландер, српскиот манастир на Света Гора најавија дека ќе му го надоместат целото вино од своите резерви во винаријата во Велика Фоча, но оти тој ќе продолжи со производство.
Ние сме винарска фамилија и ќе продолжиме со производство. Виното е за нас живот, со вино се раѓаме со вино умираме. Јас моето вино што ми го одзедоа не го продавав на Косово-вели Петровиќ.
Comments are closed for this post.