Грција ги презема сите мерки за утре на воената парада по повод Денот на неазвисност или популарниот „охи ден“, да не се случи некаков инцидент кој обично во минатото го правеа специјалните поморски сили – „жабите“.
За време на парадите обично „жабите“ извикуваа погрдни пароли против Македонци или Албанци, извикуваа дека „ќе дерат кожи на Скопјани“ или „ќе се лее албанска крв“, а таквите инциденти поминуваа неказнето. Сега со постигнувањето на Преспанскиот договор воениот врв најавува дека ќе бидат санкционирани какви било ициденти, а испратена е и наредба со која се забрануваат секакви пароли.
„Зачувајте го достоинството и единството на оружените сили…ќе има дисциплински или кривични санкции доколку има инциденти“, се вели во наредбата на военото раководство.
Властите презедоа и дополнителни мерки на плоштадот Синтагма во Атина од каде се осттрануваат или ќе бидат остранети сите што сакаат да протестираат против Преспанскиот договор или да извикуваат дека „Македонија е грчка“. Посебни мерки се превземени и во училиштата, од каде обично организирано се протестира за „грчкоста на Македонија“.
Comments are closed for this post.