Северна Грција е облепена со постери на пратеници кои ќе гласаат „за“ Преспанскиот договор. „Зарем ќе ја предадете нашата Македонија“, стои на некои од нив.
Медиумите јавуваат дека по повеќемесечните континуирани протести по улиците во поголемите градови во северна Грција, пред се во Солун, од синоќа на многу места се залепени постери со пратеници од Сириза и од АНЕЛ кои ќе го поддржат договорот за името.
Медиумите не кажуваат кој ги залепиле постерите, туку само пишуваат дека „групи ноќеска лепеа постери“ со најава дека таквата акција ќе продолжи.
Постери се залепени во Пела и во Катерини.
Comments are closed for this post.