Во рамки на стратегијата за зголемување на наталитетот, албанската Влада донесе одлука од 1 јануари 2019 година да доделува еднократен паричен надомест, за секое новороденче.
За секое првородено дете на семејството ќе се исплатуваат по 400.000 леки (3.150 евра), за второ 800.000 (6.300 евра), додека за третородено 1,2 милиони леки (9.450 евра). Доколку се родат близнаци или тројка, тогаш сумата се зголемува двојно, односно тројно.
Ова ќе важи за сите новорденчиња во Албанија и нивните мајки ќе ги добиваат парите додека се уште се наоѓаат во гинеколокошките оделенија, со цел, како што најави албанскиот премиер Еди Рама, да не се малтретираат со комплицирани процедури.
Според демографските показатели, во Албанија во првиот квартал од годинава е забележан историски негативен рекорд на природниот прираст.
Државниот Институтот за статистика на Албанија (ИНСТАТ), потврди дека во првите три месеци од годинава биле регистрирани 5.669 новороденчиња, што преставува 18 отсто помалку во споредба со истиот период лани. Во истиот период, бројот на починати изнесувал 5.954 лица.
Бројот на новородени во Албанија опаѓа од година во година, како последица на масовната миграција и определбата на младите за семејство со помалку деца.
Статистиката потврдува дека во 2017 година во земјата е забележан најмал број новородени деца од 1930 година, кога албанската држава започна да спроведува попис на населението.
Поради миграцијата и намалениот наталитет, бројот на учениците во основното образование во новата учебна година е помал за 46,7 отсто во споредба со учебната 1990/91 година.
Comments are closed for this post.