Пожар избувнал на границата меѓу Бугарија и Северна Македон ија, јавуваат бугарските медиуми. Пожар избувнал во административната зграда на граничниот премин Златарево на бугарската страна од границата со Македдонија, кај Ново Село.
Според првичните информации, причината бил краток спој. Биле запалени кабли, а од тоа пластични панели од внатрешната страна на металната конструкција.
Причинета е само материјална штета, повредени нема.
Бугарското МВР соопшти дека поради инцидентот, преминот нема да работи 24 часа.
Патниците за Македонија ќе бидат пренасочувани кон граничните премини Станке Лисичково и Ѓуешево.
Comments are closed for this post.