Туристите кои летуваат во Црна Гора се жалат на стомачни тегоби. Најверојатно станува збор за вирус поради неисправната вода за пиење, но причина е и загадената вода во морето.

Вирусот се манифестира со повраќање, осовено кај децата. Возрасните, пак, се жалат на чешање на кожата и шуга.

Проблемот со водата за капење е што на неколку места фекалии се испуштаат во морето во близина на плажите.

Најсериозна е состојбата во местото Буљарица каде фекалии како река течат по плажата.