Едно младо лице е пренесено во болница поради проблеми со дишењето по вдишување солзавец за време на инциденти во дворот на Економскиот факултет во центарот на Атина, во кои група млади лица ја нападнаа полицијата со дрва, камења и разни предмети, а специјалците одговорија со шок бомби и солзавец.
Инцидентите доаѓаат по вчерашната акција на грчката полиција во просториите на факултетот, што беа под опсада, а Деканатот преку соопштение извести дека Факултетот од денеска до 17 ноември 2019 ќе биде затворен.
Police attacked Greek students at the Athens University of Economics and Business, as the government is cracking down on student activists. pic.twitter.com/zu7Ij01kSM
— redfish (@redfishstream) November 11, 2019
Грчката полиција соопшти дека акцијата била во рамки на истрагата спроведена во простори што биле под опсада и се користеле како „бази“ за напади кон полицајците, но и како места што служат за подготовка и складирање на предмети и механизми што се употребуваат во нападите.
При упадот во трите простории што биле под опсада, грчката полиција пронашла празни стаклени шишиња, шлемови, маски за лице, стапови, апарати за гасење пожар, камења и делови од мермер што се користат за напади кон полицијата.
Κάλεσμα των φοιτητών για συμπαράσταση στην #ΑΣΟΕΕ.
200 άτομα φοιτητές-φοιτήτριες από συνελεύσεις συλλόγων της Αθήνας αμφισβήτησαν το πρυτανικό λοκ-άουτ και βρίσκονται εγκλωβισμένοι περικυκλωμένοι από δεκάδες διμοιρίες ΜΑΤ. Φοιτητές χτυπήθηκαν άσχημα όταν εισήλθαν στη σχολή pic.twitter.com/A0HdveEgDF— Πριν (@PRINgr) November 11, 2019
Comments are closed for this post.