Полицајци од Естонија, Литванија и Полска им се придружија во понеелникот на своите колеги од Словенија во патролирањето на надворешната граница на Шенгенскиот простор кон Хрватска, со цел да се подобри контролата на словенечко-хрватската граница и спречувањето на илегалното влегување на мигрантите кон западните членки на Европската унија.

Странските полицајци, вкупно 31, ќе бидат задолжени за еден од секторот на словенечката граница кон Хрватска, којашто ја покрива полициската управа во Ново Место, чиешто подрачје е најизложено на мигрантската рута на движење кон западна и северна Европа.

Полицајците од трите балтички земји дојдоа врз основа на меморандумот за соработка на словенечката влада со овие држави, ќе добиваат плата од земјите од кои доаѓаат, додека Словенија им ги обезбедува трошоците за сместување кои за овој контингент изнесува околи 50.000 евра, објавија во понеделникот словенечките медиуми.

Патролирањето по должината на ткн зелена граница словенечко-хрватската граница ќе се одвоива во групи од по двајца, еден словенечки и еден странски полицаец, при што ќе се придржуваат до словенечките закони, објави словенечкото министерство за внатрешни работи. Мандатот за странските полицијаци во Словенија ќе трае еден до шест месеци, зависно од желбните нивните матични држави.

Одлуката на словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс да инсистира на доведување на полициските службеници од странските земји за чување на словенечката граница последните денови трпеше и критики во стручните кругови кои изнесуваа дека Словенија има доволен број полицајци. Покрај тоа, се истакнуваше дека обемот на илегалните мигрантски преминувања поради кои се воведуваат мешовитите патроли со странците, наводно минатата година се намалил за 30 отсто.

Одговарајќи на овие забелешките за доведување на странските полицајците на церемонијата во Ново Место, Хејс рече дека е реална потребата од помошта на странските колеги.

„Кој денес може да ни гарантира дека не може да ни се повтори ситуацијата од 2015 и 2016 година“, рече Хојс алудирајќи на масовната миграциска криза, кога низ Словенија за неколку месеци кон западна и северна Европа минале повеќе од половина милион мигранти и бегалци.

Хојс најави дека во јуни во операција за подобро чување на границите од илегалните мигранти, ќе се придружат и полицајци од Унгарија и Романија, како и дека во тек се преговори за случен аранжман си уште неколку европски земји од Шенгенскиот простор.

Словенечката полиција оваа пролет на седмично ниво бележи повеќе десетици фатени илегални имигранти, на коишто во илегалното преминување на границата и пренесувањето со своите возила им помагаат организатори на илегалните миграции меѓу кои се и словенечки државјани, но и странција од земји во Европската унија.

Минатата година приливот на илегалните мигранти бил помал главно поради заострувањето на граничниот режим во прв ред во време на пандемијата на коронавирусот.