Хрватската влада планира во Петриња кај местото Мала Горица да изгради прифатилиште за лицата кои бараат азил.
Секторот на хрватскиот МУП во кооридација со ЕУ фондовите донеле одлука да се доделат средства за проект кој носи наслов „Испостава за инфраструктура и јакнење на капацитетите на прифатилиштето за барање на азил во Мала Горица“.
Планот на ЕУ е Хрватска да стане т.н hot spot односно жешка точка која ќе ги спречува бегалците да одат во западноевропските земји.
Целиот проект ќе чини четири милиони евра. Локалните жители велат дека никој не ги информирал дека наскоро ќе им се вселат мигранти. Некогашното погранично село на границата со Словенија која сега е слободна со години се соочува со иселување на мештаните.
Comments are closed for this post.