Пред окружниот суд вчера почна судењето на Милан Р.(53), државјанин на Босна и Херцеговина, за убиството на пензионерката Мира Костов (67), српска државјанка, во декември 2020 година во Минхен.
Како што пренесува Merkur.de, Милан Р. на почетокот на судењето изјавил дека по професија е машински инженер. Милан Р., беше обвинет дека ја убил пензионерката Мира Костов, ја ограбил и побегнал. На границата со Србија му ставиле лисици, а ДНК трагата под ноктите на жената го откри дека тој е сторителот.
-Половина од животот го поминав во затвор. Посакувам да можев да се вратам во времето – изјави во судот на вчерашното прво рочиште Милан Р., по што одби дополнително да ја изнесе својата одбрана.
Според обвинителството, за богатата пензионерка Милан Р. дознал од својот син, кој кратко време живеел со неа. По пристигнувањето во Босна и Херцеговина, неговиот син му раскажал за богата жена која поседува неколку имоти, и каде живеат градежни работници, чија кирија ја собира во готово.
-Стигнал во Минхен и отишол кај Мира Костов. Се качил преку оградата, ги отворил прозорците на приземјето, но Костов кој ја слушнала вревата застанала пред него. Со остар предмет ја удрил најмалку осум пати, додека таа не паднала на земја во локва крв. Тоа не му било доволно, па ја удрил во глава – се наведува во обвинението.
Адвокатот Харалд Баумгартл рече дека неговиот клиент не сака да ги коментира наводите во обвинението дека ја убил Костов убивал од алчност и за да ја прикрие кражбата.
Мира е по потекло од Србија, но имала и германско државјанство. Полицијата верува дека таа била убиена помеѓу 24 и 27 декември.Живеела сама во куќата. Меѓутоа, одвреме-навреме изнајмувала неколку соби, главно на луѓе од поранешна Југославија кои доаѓале во Минхен. Меѓутоа, сегашните станари биле отсутни за божиќните празници, а ја пронашол еден од нив кога се вратил во нејзиниот дом во неделата.
– Мира била пронајдена во кујната. Трупот бил во локва крв – пишуваат германските медиуми.
Comments are closed for this post.