Чешката комапнија „Карловарске Минералне Воде“ (КМВ), најголемиот дистрибутер на безалкохолни пијалаци во Централна Европа и „ПепсиКо“, светскиот производител на храна и пијалаци, кои работат во повеќе од 200 земји, се согласија заеднички да купат 100 отсто од сопственост во српската компанија „Књаз Милош“.
Таа трансакција вклучува купување на производствените капацитети на компанијата „Књаз Милош“ во Србија, како и добро позиционираните брендови како што се „Књаз Милош“, „Аква Вива“, „Гуарана“, „Ремикс“, „Густо“ и други.
Се очекува трансакцијата да биде завршена во текот на третиот квартал од 2019 година, по процесот на одобрување од страна на антимонополските комисии на пазарите на Србија и на Црна Гора – соопштија од ПепсиКо.
Компанијата „ПепсиКо“ во 2018 година оствари повеќе од 64 милијарди долари нето приходи.
Comments are closed for this post.