Грција ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија, но потребно е целосно почитување на меѓународното право и правилна имплементација на Договорот од Преспа, во спротивно ќе биде блокирана нејзината европска перспектива, рече грчкиот претседател Прокопис Павлопулос, во честитката по повод националниот празник на Грција, 25 март, повторувајќи ја истата порака што ја испрати и во честитката до Грците од дијаспората, пред три дена.
Павлопулос, и овој пат, во писмената честитката до граѓаните, ги спомена и т.н. грчки национални прашања, односите на земјата со Турција, Албанија, Северна Македонија, како и кипарското прашање.
Што се однесува на Република Северна Македонија, ја поддржуваме нејзината европска перспектива. Но, предуслов за оваа перспектива, од нејзина страна е целосно и искрено почитување на европското законодавство во целост, со тоа и меѓународното право во целост, а пред сè Договорот од Преспа, што мора да се толкува и да се имплементира, според неговата содржина и духот, на начин што не остава ниту трага од иредентизам. Според тоа, секоја спротивна тактика, се подразбира, дека ќе го блокира европскиот интегративен напредок на Република Северна Македонија, пишува Павлопулос во честитката.
Comments are closed for this post.