Собранието на Црна Гора денеска не го усвои законот за животно партнерство меѓу лица од ист пол со кој на истополовите двојки требаше да им се овозможи да ги имаат истите права како хетеросексуалните двојки, само без можност да посвојуваат деца.
За усвојување гласале 38 пратеници, четворица биле против, а опозициските пратеници не биле во салата за време на гласањето. За усвојување на законот беше потребно мнозинство од 81 пратеник.
Со предлог законот не е овозможено родителство, старателство, хранителство и посвојување деца. Издржување на дете е можно само доколку другиот партнер не е жив или нема по закон живи роднини кои би можеле да го презема издржувањето
Comments are closed for this post.