Специјалниот претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер изјави за Гласот на АМерика дека следната косовска влада мора да биде подготвена да ги укине воведените царини.

Тој смета дека царините, како што наведе, „се пречка за продолжување на дијалогот“ помеѓу Белград и Приштина.

Палмер додаде дека САД се надева дека Србија на таквиот чекор ќе одговори со нејзини иницијативи, кои би опфатиле стопирање на кампањата за повлекување на признавањето на Косово, а дека врз такви основи, двете страни би можелe да се вратат на преговарачката маса во позитивна атмосфера, насочени кон позитивен договор, пренесува Гласот на Америка.