Две лица се ранети во престрелката што се случи вечерва во белградската населба Врачар во центарот на српскиот главен град. Престрелката се случила на аголот од улиците „Максим Горки“ и „Цар Николај“.
Како што дознава „Телеграф“, еден од ранетите е 29-годишниот А.П.(29) кој веќе и е познат на полицијата поради бројни криминални дела. Станува збор за лице со 12 кривични пријави за дрога, оружје, разбојништво итн. по кое во тек била и потера за издржување затворска казна. Тој бил застрелан во ногата и е надвор од животна опасност.
Недалеку од местото каде што е застрелан А.П., полицијата пронашла уште едно младо момче со рана на грбот. Се претпоставува дека биле ранети од истиот напаѓач, кој е во бегство.
Застрелани се двајца мажи, се сомнева дека се работи за истиот инцидент, двајцата се пренесени во Ургентниот центар, а истрагата е во тек, потврдија од српското МВР.
Comments are closed for this post.