Ана Симиќ е црната вдовица на Земунскиот клан. Нејзин венчален кум е Лука Бојовиќ за кој се говори дека ќе се врати од затвор во Шпанија. Ана беше во брак со Цветко Симиќ, кој во Загреб беше искасапен од нејзиниот љубовник и член на Земунскиот клан, Сретко Калиниќ, познат по прекарот Звер.
Овој човек, со кого Цветко ме запозна во 2006 година во Загреб, почна да ми праќа пораки. За жал, ми се допадна. Дури во јуни 2010 година, кога видов слика на човек што го познавав како Борис во весникот, сфатив кој е тој. Филмот почна да ми се враќа. Места каде што се среќававме, Јарун, каде што беше убиен мојот сопруг. Во тој момент се посомневав дека тој стои зад убиството на мојот сопруг – сведочеше Ана пред судот.
Comments are closed for this post.