Опозицијата во Србија имала план во пет точки кои требало да се спроведат во следниот период. Некои од нив се остварија изминатиот викенд, а некои допрва следуваат.

Овие информации на руските власти ги открил кумот на лидерот на опозицијата Драган Ѓилас кој има бизнис релации со Москва.

Планот предвидувал упад на државната телевизија. Тоа се случи во саботата вечер кога демонстрантите упаднаа во РТС со моторна пила и бараа да се обратат во Дневникот.

Потоа се предвидува опсада на Претседателството на чело со претседателот Вучиќ и судири со полицијата. Кога протестите ќе се радикализираат треба да се нападне Парламентот и насилно да се влезе во Владата и да се заземе.