Во маркетите низ Грција и во Европа започна да се продава ајвар. Оваа вест би била сосема нормална и за поздравува ако станува збор за производ направен во некоја од фабриките во Република Македонија. Но, ова е автентичен грчки производ и го прави погонот на „Liakada“.

На теглата стои натписот „Hellenic cousine“ „Paprika-Ajvar“. Тегла од 330 грама се продава за 3,4 евра.

Ова не е прв производ од „нивната“ „Македонија“ да се продава како грчки. Претходно тоа се случи со пиперките и виното.

Грција веќе наголемо ја прововира кампањата „Мacedoniia the GReat иако специјална комисија меѓу двете земји допрва ќе треба да ги договара трговските марки согласно Договорот од Преспа.