Над 12.000 лица со двојно држвјанство имаат адреса на живеење во општина Ќустендил, но речиси нуту еден од нив не ќе може да гласа на претстојните локални избори заради неисполнување на критериумот за шестмесечен постојан престој, односно да биле на територијата на општината од 26 април наваму оваа година, велат од локалната администрација. Тие нема да се најдат ни во избирачките списоци, јавуваат БНР новините.
Од Македонија до 30 август годинава со двојно државјанство и регистрирана адреса во Ќустендил имало 10.846, а од Србија 1.547 лица.
Шефот на организациониот оддел на изборите во општината, Мирослав Миланов, смета дека веројатно ќе се покаже дека многу малку од нив, можеби само поединци го исполнуваат потребниот услов.
Ќе се зачудам ако има барем еден, изјави тој.
Досега, на претходните избори само поединци од Македонија оделе во Ќустендил да го исполнат правото на глас. Тоа се случило во 2009 година кога една група патувала на екскурзија до Црно Море, па автобусот запрели и Македонците, кои имале и бугарско државјанство гласале на избирачко место во градската поликлиника, велат од администрацијата.
Меѓутоа, луѓето со двојно државјанство го зголемуваат бројот на населението на општината и тоа брои над 75.000 жители. Затоа и бројот на општински советници во Ќустендил е 37. Инаку, без нив, бројот на советници би бил 33, коментираат административците и адвокати.
Comments are closed for this post.