Опасна секта во Србија. Нејзина жртва се животните. Српските медиуми пишуваат за снимка која се појавила деновиве на која две момчиња буквално колат улично куче. Едното од момчињата прво го милува пеејќи му “кефо зоте”, но потоа вади голем нож кој го забива во кучето со сета сила.
Додека кучето крвари двајцата повторуваат “кефо зоте”. Снимката ја направила девојката на едно од момчињата.
Според написите во медиумите се работи за секта од регионот на Обреновац.
Српската полиција набрзо успеала да го уапси момчето кое го заклало кучето како и неговата девојка. За настанот со остра осуда се јави и српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кој смета дека ова заслужува најстрога казна.
Невероватна је и ужасна оваква суровост и безочно насиље према животињама. То заслужује најстрожију казну. Очекујем брзу реакцију полиције. https://t.co/P2wAfKITug
— Небојша Стефановић (@NesaStefanovic) December 29, 2018
Comments are closed for this post.