Унгарскиот премиер, Виктор Орбан даде нов предлог за комесар за проширување на ЕУ, откако Европскиот Парламент го одби предлогот на Унгарија за наследник на Јоханес Хан во ликот на Лазло Трошањи.
Унгарија ќе го предложи постојаниот претставник во ЕУ Оливер Вархели како комесар за проширување на унијата со мандат од пет години откако Европскиот парламент го блокираше првиот кандидат на Виктор Орбан.
Вархели е вториот кандидат на унгарскиот премиер, откако првичниот предлог, Ласло Трошањи да ја превземе функцијата на Јоханес Хан беше одбиена од Европскиот Парламент поради конфликт на интереси.
Информацијата за медумите ја потврди и унгарскиот премиер Виктор Орбан, пренесува „Ројтерс“.
Оливер Вархели е роден 1972. година, а од 2003.та година е дел од голем број на тела, агенции и директорати во склоп на Европската Комисија.
Comments are closed for this post.