Веста дека власта примила назад повратници од Сирија ја вознемири македонската јавност знаејќи за какви лица станува збор. Тие се припадници на терористичката ИСИС кои се наоѓаат во Сирија.
Во оваа тура беа вратени четворица терористи, пет жени и дури 14 деца. Како што неофицијално дознаваме во следниот период треба да бидат вратени дури 50 борци.
Според најавите против овие борци засега ќе бидат поднесени само кривични пријави за учество во странски војски а доколку се обезбедат ќе следи и судски процес.
Она што е важно да се напомене дека жените и децата нема да бидат во притвор туку само во карантин поради корона мерките.
Но, најважно прашање што се поставува е како се планира да се спроведе нивната ресоцијализација и интеграција во општеството ако се знае дека станува збор за вистински командоси обучувани во камповите во Сирија и Ирак. Ваквите лица постои опасност да бидат т.н „sleeper cell“, односно да бидат на готовс додека не добијат наредба за нова акција.
Досега тие беа сместени во камп на ИСИС во Сирија на границата меѓу Турција и Ирак. Бидејќи војната во Сирија официјално е завршена, сириските власти, но земјите од меѓународната коалиција сакаат да се ослободат од овие лица.
Но, големите земји одбиваат да ги примат овие лица па дури и им ги одземаат државјанствата.
Македонија и Косово се едни од ретките кои ги враќаат во своите земји.
Косово завчера врати 11 свои граѓани, а во 2019 дури 110.
Тие се сместени во кампот Врани Дол во близина на Приштина. Во 2019 година се и во Босна и Херцеговина вратени последните повратници од Сирија
Comments are closed for this post.