Во изминатите 24 часа, од шест часот вчера, до шест часот утрово биле спречени 2.867 обиди за нелегален влез во Грција на грчко – турската граница.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, податоците ги соопштија извори од грчката Влада.

Паралелно, во истиот временски период биле уапсени осум лица, седум од Авганистан и еден од Сирија.