Раководителот на Секторот за вонредни ситуации и помошник на министерот за внатрешни работи на Србија, Предраг Мариќ, за кого беше потврдено дека има коронавирус во декември минатата година, почина синоќа како резултат на таа болест, беше потврдено за „Блиц“. Мариќ исто така беше член на Кризниот штаб за борба против Ковид-19..
Неговата здравствена состојба се влоши во последните четири дена, поради што беше реанимиран неколку пати во петокот и саботата. На Мариќ му беше дијагностициран вирусот корона на 28 декември. Иако немал други проблеми освен треска, му била дијагностицирана почетна пневмонија.
Тој беше сместен во КБЦ „Д-р Драгиша Мисовиќ“ на 3 јануари, а на 8 јануари беше интубиран и поврзан со апарати за дишење.
Тој беше назначен за раководител на Секторот за вонредни ситуации во 2007 година со одлука на министерот Драган Јожиќ. На истата позиција беше и во времето на Ивица Дачиќ, како и во времето на Небојша Стефановиќ.
Comments are closed for this post.