Властите на германската сојузна покраина Северна Рајна – Вестфалија депортираа тројца државјани на Босна и Херцеговина поради сомнежи за поврзаност со тероризам.
Како што соопшти германското Министерство за деца, семејство, бегалци и интеграции, постојат сомнежи дека тројцата босански државјани планирале напади во Германија во име на џихадистичката група Исламска држава (ИД).
Осомничените исламисти биле депортирани за БиХ од аеродромот во Дизелдорф.
Comments are closed for this post.