Милован Здравковиќ, кумот на Радоје Звицер, кој беше уапсен во Загреб по потерница од Србија беше познат како криминалец од кого не постои ниту една фотографија.
Сега српските медиуми објавија како тој навистина изгледа.
Милован бил висок член на криминална група Кавачки клан која е обвинета за убиства на на Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во ресторан во грчката престолнина на 19 јануари 2020 година. Двајцата во моментот на убиство поседуваа македонски пасош.
По двојното убиство во Атина членовите на кланот славеле, а Здравковиќ лично се залагал обвинетиот Вељко Беливук, кого го сметале за одговорен за пронаоѓањето на Дедовиќ и Стаматовиќ во Атина, да добие „обезбедување и работни места“.
Comments are closed for this post.