Надежите дека е можно да се најде компромис со новата влада во Софија во пресрет на одлуката за одредување датум за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ во јуни годинава, паднаа во вода по назначувањето на привремениот бугарски премиер Стефан Јанев.
„Бугарската рамковна позиција (за ова прашање“ беше усвоено со консензус од сите политички партии во бугарскиот парламент. Како привремена влада, ние немаме овластување да го промениме тоа“, изјави новиот министер за надворешни работи Светлан Стоев.Оттаму, се е во рацете на претставниците на Македонија. Тие многу добро ја знаат бугарската позиција и не треба да шпекулираат дека ќе има било каква промена во следните два или три месеци колку што е мандатот на оваа влада“, рече Стоев.
Софија бара од Скопје да признае дека македонската нација и јазик имаат бугарски корени, и да стави крај на анти-бугарската реторика во земјата.
Премиерот Зоран Заев деновиве од Брисел порача дека македонскиот идентитет и јазикот не се на преговарачката маса и Скопје одбива да разговара за тие прашања како услов за преговори со ЕУ.
Овие сигнали на привремените бугарски власти значат дека Македонија не може да се надева на преговори најмалку до есен иако Османи, па и Димитров најавија дека ќе се обидат да се договорат и со новата техничка влада во Софија.
Comments are closed for this post.