Новата бугарска техничка влада на премиерот Стефан Јанев, назначена од претседателот Румен Радев,  утрово положи свечена заклетва во претседателскиот кабине.

Претседателот Радев подвлече дека пред техничката влада стојат важни задачи.

-Владата мора да го ганатира нормалното функционирање на државата, да обезбеди чесни избори, објавувајќи му војна на купувањето гласови. И најважно-да го направи првиот чекор кон зацврстувањето на државноста. Да им даде сигурност на Бугарите дека државата може да се води чесно, транспарентно и одговорно, изјави Радев.