Опозицијата однесе убедлива победа на локалните избори во Грција. Во речиси сите помали места победија кандидатите на Нова Демократија што е само потврда за падот на Сириза по поразот и на европските избори.

За градоначалник на Атина е избран синот на поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, Костас Бакојанис, кој освои 65 проценти од гласовите. Најголемото изненадување се случи во Солун каде што победи независниот кандидат Констатинос Зервас.

Според овите резултати, Нова Демократија е главен кандидат  за победа на предвремените парламентарни избори во септември