Германската канцеларка Ангела Меркел денеска доаѓа во официјална посета на Србија.Многумина се прашуваат зошто Фрау Ангела го избра Белград а не Скопје за своја проштална посета.
Одговорот го даде Марко Чадеж, претседател на Сојузот на стопански комори на Србија на утринската програма на ТВ Пинк. Тој објасни дека се надева оти бројот на германски вработувања во скоро време ќе достигне 70.000 работници.
Германија во последниве десет години има вложено две милијарди евра во Србија. Отворија над 500 компании, а вработуваат десетици илјади луѓе-откри Чадеж.
Едни од најголемите германски компании во Србија се Сименс и Континенал.
Comments are closed for this post.