Никој не знае каде е мозокот на Слободан Милошевиќ, поранешниот претседател на Србија кој почина во затворска ќелија во Хаг, Холандија.
Телото на Милошевиќ веќе 12 години почива под липата во родната куќа во Пожаревац и тоа без мозокот, затоа што е изваден и зачуван во Хаг за токсиколошки испитувања, објави српски Ало, повикувајќи се на извори во Би-би-си.
Дека телото на српскиот претседател е префрлено без мозок откри Кристијан Чартер, кој во времето на смртта на Милошевиќ беше портпарол на Хашкиот суд.
„Се сеќавам дека телото на Милошевиќ на Србија и беше вратено во март 2006 без мозокот. Не знам што се случи потоа, дали мозокот им беше вратен на роднините цел или во делови, или остана на Институтот. Или, пак, е уништен“, рекол Чартер за Би-би-си.
Фолоренс Хартман, поранешната портпаролката на главната хашка обвинителка, Карла дел Понте, само ја продлабочи мистеријата: „Заради строгите правила за приватност во Холандија не можевме да провериме дали во Хаг останал мозокот или уште некои други делови од телото. Таква информација можат да добијат само холандските и српските државни институции и членовите на семејството“.
Телото на Милошевиќ, во рамки на истрагата, која паралелно со холандските власти ја спроведе и хашкиот суд, беше испратено на обдукција. После тоа во затворен ковчег му беше предадено на синот на Милошевиќ, Марко, кој во Хаг дојде од Москва за да го преземе телото на својот татко.
Меѓутоа за длабинска токсиколошка анализа на мозокот, која холандските форензичари сакаа да ја спроведат, било потребно подолго време, така што мозокот, наводно, останал на Институтот за судска медицина, а што од тогаш се случувало со мозокот никој не знае.
Милошевиќ беше пронајден во својата ќелија во утринските часови на 11 март 2006 година. Телото го пронајде стражар, а потоа безуспешно се обидувале да го реанимираат. Откако смртта била и службено потврдена неговата ќелија беше запечатена, а бидејќи смртта се случила за време на викенд, судски вештак дошол дури по неколку часови.
Тогашниот претседател на хашкиот трибунал беше толку многу потресен од гласините кои кружеа дека Милошевиќ е намерно отруен, нареди опсежна истрага. Истрагата не покажала дека Милошевиќ умрел од насилна смрт, а целиот патолошки наод може да се најде на страниците на хашкиот суд.
Сосема се мали шансите некој од семејството ќе бара нови моменти за мозокот на Милошевиќ ако се земе предвид дека неговата сопруга Мира и синот Марко живеат во Москва како политички бегалци, а ќерката Марија е во Црна Гора.
Comments are closed for this post.