Јосип Броз Тито ги предал Израелците и им ги дал тајните на Мосад на Арапите, а Удба шпионирала 6.000 југословенски Евреи, пишуваат хрватските медиуми.М
аршалот по првата арапско-израелска војна, проценил дека треба да застане на страната на Палестина. Израел наредил на Мосад да се инфилтрира во Југославија.
Хрватски „Експрес“ објави вистинска трилер-приказна, во најголем дел базирана на извештајот на југословенската тајна служба за односите меѓу СФРЈ и Израел, кои замрзнаа во 1967 година и останаа до распадот во 1991 година.
Последниот обид за одмрзнување на билатералните односи на двете земји се случил во 1987 година. Тоа било на средбата меѓу шефовите на југословенската и израелската дипломатија Раиф Диздаревиќ и Шимон Перес. СФРЈ, пак, и тогаш не отстапила од својот цврст став да нема обновување на дипломатските односи додека не се реши палестинското прашање.
Comments are closed for this post.