Завршува ерата на нацистичката партија во Грција, Златна зора – партијата се распаѓа, а партиските седишта се празнат.

Членовите на Златна зора добиле наредба да ги испразнат просториите откако не успеаја да влезат во парламентот, а се води судски процес против раководството на партијата. Партијата повеќе нема пари да ги исплаќа обврските.

Информациите кажуваат дека партјата ги затвора своите седишта низ земјата, а антифашистичките активисти тоа го сметаат за голема победа на нивниот активизам против Златна зора при што нагласуваат дека „успеале да ја изолираат“.