Вук Бориловиќ, човекот кој вчера изврши незапамтен масакр во Цетиње немал криминално минато, а бил вработен како келнер во Националниот парк Ловќен и
имал три деца.
Наводно, на масакрот му претходела расправија со потстанарите за задоцнета кирија. Тој вооружен отишил во објектот каде што го изврши злосторството. Се
претпаоставува дека маскрот би имал поголеми размери да не се појавел Ненад Нено Калуѓеровиќ, кој го уби Вук Бориловиќ и го запре масакрот во Цетиње.
Калуѓеровиќ се уште не е уапсен и не е кознато како ќе биде квалификувано неговото дело. На социјалните мрежи граѓаните на Црна Гора го слават како херој кој спречи бројот на жртвите да биде уште поголем. Црногорските медиуми, пак, шпекулираат дека нема да одговара за убиство. Објавуваат делови од кривичнот закон, според кој нема кривично дело ако делото е направено во крајна нужда.
Во Кривичниот законик на Црна Гора, во член 10 од тој закон, стои дека дејствието извршено во самоодбрана не е кривично дело и дека одбраната е неопходна доколку од сторителот се бара да одбие истовремен или неизбежен незаконски напад од неговиот имот или имот на друг. Во овој член се додава дека сторителот кој ги надминал границите на потребната одбрана може да биде поблаго казнет, а доколку прекршокот го сторил поради силна иритација или страв предизвикан од нападот, може да биде ослободен од казната, цитираат црногорските медиуми.
Comments are closed for this post.