Голем број од факултетите во Србија воведоа правила за однесување и облекување за да се стави ред кај нивните студенти. Еден од факултетите им наложил на студентите да користат „Добар ден“, „Благодарам“, „Извинете“, „Повелете“, а ги забрани и мини здолништата, кусите фустани и панталони и тренерки.
Како што пишува Телеграф на факултетот особено се забранети политички обележја.
За правниот факултет во Белград како што се наведува во текстот неретко се врзуваа бројни сексуални афери на професори и студентки. Но и тој факултет поставил јасни правила. Се забранува облекување кое може да поттикне на сексуално вознемирување. На новосадскиот Правен фекултет дека ќе бидат отстранети сите кои се непристојно облечени. Забранети се куси панталони, здолништа со шлиц, длабоко деколтирани маици.
Дури на техничкиот факултет Во зрењанин се оди до таму што студентите мораат да ги сокријат тетоважите или пирсингот.
Comments are closed for this post.