Туристичките работници се песимисти дека оваа година ќе може да се летува во некои од соседните земји. Сите држави од регионот размислуваат на која начин да ги контролираат туристите што ќе влезат и засега во игра се три опции, воведување на т.н здравствен пасош со кој ќе докажете дека не сте заболени од корона, брз тест на самата граница, или пак најнепопуларната мерка, задолжителен карантин.
Во Хрватска ќе се примаат туристи од први јуни, а засега се знае дека строгите мерки ќе важат дури и за хрватската дијаспора која доаѓа во својата земја. Најверојатно сите кои ќе сакаат да влезат ќе мора да имаат задолжителен корона тест, не постар од неколку дена.
Странски туристи ќе можат да влегуваат во Грција од први јули но оти прво ќе се утврдува протоколот за патување. Тоа подразбира строга контрола на сите што ќе дојдат но на кој начин се уште не е одредено
Црна Гора засега е најногу оптимистична и плажите и хотелите ќе ги отвори на 18 мај откако речиси и да нема новозаразени.
Засега е сигурно дека во Турција ќе биде задолжителен негативен корона тест, но нема одлука кога ќе се отворат туриситчките капацитети.
Comments are closed for this post.