Драгољуб Кариќ, пријател на Мира Марковиќ и нејзин сопартиец тврди дека таа ќе биде погребана во Србија, поточно во Пожаревац, крај нејзиниот сопруг Слободан.

Драгољуб последен ја видел Мира пред само една недела и не претпоставувал дека ќе дојде до најлошото.

Мира ќе биде погребана во Србија сто посто, но претходно ќе биде кремирана во Москва.Тоа е нејзина желба.Во контакт сум со нејзиниот син Марко кој отиде на препознавање.За него смртта на мајката е шок, не претпоставуваше дека до тоа ќе дојде. Имаше операции и добро закрепнуваше но потоа доби запаление на белите дробови и се се искомпликува-објаснува Кариќ.