Речиси 60 проценти од младите веруваат дека на Србија и треба силен лидер што треба да го следи народот, додека во 2017 година 39 отсто биле со таков став. Тоа беше потенцирано при презентирање на Алтернативниот извештај за позицијата и потребите на младите во Србија, на Организацијата на младите на Србија.
Според истражувањето од мај-јули, само поглаварот на Српската православна црква, патријархот Иринеј, е со оценка 2,1 (скала 1 – 5) и министерот за млади и спорт Вања Удовиќ со двојка, додека шефот на државата, Александар Вучиќ, доби просечна оценка од 1,6.
Во истражувањето учествувале 1.238 лица на возраст меѓу 15 и 30 години.
Од нив 71 отсто не веруваат дека слобода на медиумите постои во Србија. Помалку од една четвртина од испитаниците одговориле позитивно за Европската унија, додека повеќе од една третина одговориле негативно.
Приемот на Србија во ЕУ го поддржуваат 38 проценти од младите луѓе, што е за речиси 5 проценти помалку од лани. Годинешната анкета покажа за првпат поголем процент на противници за влез на Србија во ЕУ кај младите – 40 проценти од анкетираните.
Comments are closed for this post.