Никола Вушовиќ, познат како Џони од Врачар, соработник на Радоје Звицер кој во петокот беше уапсен во Барселона по српска потерница уште пред три години ги известил членовите на неговиот клан дека ги „пакува куферите, го исклучува Скај и бега“.

– Се пакувам и одам во Јужна Африка не сакам да ме спакуваат како Индијанец- напишал тој во пораката што му ја испратил на Звицер на 7 март 2021 година.

Звицер на тоа му вратил: Дефинитивно е подобро да се преселиш. Кодошите можат да те наместат.