Првата дама на САД Меланија Трамп ќе добие статуа во нејзината родна Словенија. Во местото Севница во четврток ќе се одржи церемонија на која ќе биде окриен споменикот кој предизвика многу реакции во јавноста.
Статуата е лошо изработена и воопшто не наликува на вистинската Меланија. Таа на авторот му дала полна слобода во изработката и имала само еден услов, а тоа е костимот да биде во бојата што го носела на инаугурацијата на нејзиниот сопруг во Белата куќа.
Comments are closed for this post.