Грчкото население драстично се намалува и ако во наредните 12 години државата го зачува сегашното ниво на раѓање, Грција ќе загуби уште 770.000 луѓе. На ова предупредува Националниот центар за општествени проучувања на Грција и парламентарната комисија за демографски и социјални прашања, пишува „Катимерини“.
Податоците покажуваат дека во последните седум години бројот на нселение во државата е намален за 330.000 луѓе.
Меѓутоа, податоците покажуваат дека ако државата не стори ништо, во наредните 35-50 години, населението може и да се преполови.
Аналитичарите стравуваат дека ваквата тенденција ќе има разорно влијание врз економијата и социјалниот систем. Според критичарите, Грција нема конкретна политичка стратегија во однос на демографијата, а помошта на повеќечлените семејства не е доволна за да се сопре падот на бројот на населението.
Comments are closed for this post.