Пирамидата на власт на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ би можела да се урне како кула oд карти, бидејќи е покрената истрага против еден од деловните соработници на лидерот на Демократската партија на социјалистите (ДПС), пишуваат црногорските медиуми.
Според порталот Борба, не е исклучено осомничениот, инаку висок функционер на ДПС, да се согласи да биде сведок соработник и да го означи актуелниот претседател како главрн актер на некои од најголемите скандали кои го потресоа црногорското општество. во изминатите 30 години.
Инспекторите веќе неколку месеци работат на голем случај, во кој имаат помош од меѓународни партнери. Во центарот на аферата е висок функционер на ДПС, близок до Ѓукановиќ и политички и професионално. Се верува дека неговото обвинителство може да ја отвори Пандорината кутија на престапи и малверзации во ДПС.
Comments are closed for this post.