Потпретседателот на Здружението на ветераните на УЧК и братучед на поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај, Насим Харадинај, е уапсен во Приштина, јавуваат косовските медиуми.

Тој одбил да влезе во автомобилот на специјалците на Еулекс и причекал да стигнат припадници на косовската полиција.

Не одам со нив, само со косовската полиција, кажал Харадинај за Газета експрес.

Бројни граѓани излегле на местото на апсењето и го испратиле со аплауз.

Тој непосредно пред апсењето прашал дали по најновите акции на Специјалните совети „постојат државни органи“, а апсењето од Еулекс го нарекол „бесмислено“.

Ова нѐ тера да се прашаме дали имаме држава, државни органи и парламент. Нѐ тера да се прашаме дали имаме устав. Еулекс се однесува вака кон нас бидејќи не нѐ смета за луѓе, кажал Харадинај.

Тој кажал и дека Специјалниот суд за злосторствата на УЧК „не му припаѓа на Косово и дека ќе работат против него“.

FRONTAL LIVE

FRONTAL LIVE

Gepostet von Gazeta Express am Freitag, 25. September 2020