Србин со исечено грло е пронајден на брод кој впловил во пристаништето во Џенова. Покрај телото, цариниците во бродот пронашле и 450 килограми кокаин од најчист квалитет.
Иако не е пронајдено оружје, засега се претпоставува дека се работи за самоубиство. Од друга страна, поради големото количество запленета дрога, полицијата не ја исклучува можноста тој да е убиен.
Истражителите проверуваат дали има соучесници а бродот ќе остане закотвен во пристаништето додека трае истрагата.
Comments are closed for this post.