Една млада Американка останала во целосен шок кога келнерот ја послужил со риба во еден ресторан во Сплит.
Таа нарачала риба, но кога и стигнала нарачката младата американска државјанка почнала да вреска и во солзи истрчала надвор од ресторанот.
Кога другите гости го прашале келнерот што се слулчило, тој само збунето одговорил дека и донел риба.
Што да правам, гужва беше и не обрнав внимание. За нив, инаку, секогаш ја сечам главата пред да ја послужам рибата – изјевил келнерот, објавува „Морски.хр“.
Токму тоа што на чинијата била послужена и главата на рибата и бил проблемот, па пред да избега од ресторанот, Американката почнала да вика „Има очи, има очи“.
Како што објаснил келнерот по случката, често се случувало прекуокеанските гости да бараат од него рибите или ракчињата да бидат исчестени, односно без главите.
Сепак, овојпат тој не го направил тоа, а девојката со почувствителен карактер очигледно сакала рибата да и биде онаква како што изгледа во продавница.
Comments are closed for this post.